ТРАДИЦИЈА

22 ГОДИНИ

За нас

Тримакс е лидер на пазарот во своите дејности, основан 2000 година во Скопје, Македонија.
Од тогаш работи во повеќе области.

1. Нагледни средства и помагала Тримакс работи во областа на снабдување на градинките, училиштата и факултетите со нагледни средства, дидактички материјали, опрема за училници и училишта. Станува збор за широка палета на производи како голем број на наставни модели, едукативни постери, географски и историски карти, хемикалии и лабораториско стакло, спортска опрема и помагала, училишни табли (бели, зелени, плутани, магнетни итн), интерактивни (смарт) табли, интерактивни панели  кои ја олеснуваат наставата и ја прават поинтересна и покреативна, како за учениците така и за наставниците и професорите. 
Дистрибуција на сите едукативни помагала и наставни средства до училиштата по предметите: 
Биологија, Физика, Хемија, Математика, Географија, Историја, Физичко, Училишна опрема, Одделенска настава, Англиски јазик, Музичко и Техничко образование.
За снабдување на бараните материјали од нивна нарачка па се до испорака, монтажа и обука, задолжени се тимот на Тримакс со повеќе од 40 вработени.

2. Книжарници и онлајн продажба -  Има десет книжарници кои успешно работат и се познати меѓу потошувачите. Осум книжарници во Скопје во четири општини (Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош), една книжарница во Крива Паланка и една книжарница во Охрид. 
- Книжарниците нудат најразличен асортиман на производи како: училишни материјали, ранци и ташни, хамери и крафт програма, канцелариски материјали и куфери, изданија - детски изданија, лектири и популарна белетристика, гифт програма и честитки. Изданијата и картографската програма може да се најдат во сите книжарници на Тримакс. 
- Покрај изданија книжарниците нудат и услуги како: фотокопирање и печатење на материјали во црно-бело и во боја, праќање мејлови, вкоричување на скрипти и пластифицирање.
- Книжарниците постојано организираат акции и попусти на производи. Има развиено лојална програма преку клуб картички кои можат да се земат бесплатно во која било книжарница. Книжарниците соработуваат и со Лајонес (Cashback word).
- Книжарниците соработуваат со многу компании кои купуваат канцелариски материјали во готово или на фактура. И има развиено лојална програма и за правните лица да пазаруваат на попуст, и вршиме достава на материјали до компанијата.
- Вработените во книжарниците се енергични и проактивни луѓе кои одлично се грижат за книжарниците и нудат брза и квалитетна услуга на потрошувачите.
- Кариера со Тримакс - Книжарниците постојано се во потрага по креативни и проактивни луѓе кои би сакале да работат во книжарниците. 
- Онлајн продажба - Покрај продажбата во книжарниците Тримакс има и развиена онлај продажба преку неколку канали за продажба: веб страната www.knizarnicitrimaks.mk, Facebook профилот https://www.facebook.com/trimaks.mk/, нарачки по мејл и нарачки по телефон. Тримакс располага со голем возен парк и соработува со неколку брзи пошти се со цел навремена и квалитетна достава на порачаните производи.


5. Картографија и издаваштво
 - Во областа на картографско издаваштво Тримакс е единствен на македонскиот пазар со уверение од катастар..... Во нашето портфолио на издадени картографски материјали може да се најдат различни видови на:
- карти (патни, туристички и општински), ѕидни карти (патни, туристички, општински, географски и историски), туристички водичи, глобуси, атласи и неми карти, разгледници и сувенири.


- Издаваштво - се состои од книги и енциклопедии, сликовници за деца и боенки, лектири, едукативни постери, радосници, честитки и покани за роденден, тетратки за почетно пишување итн. Изданијата се од едукативен и креативен карактер, правени се со консултација и соработка со стручни лица и наставници и се од голема помош на децата и учениците при наставата. 

За грижата на корисниците и примање и испорака на производите се задолжени 5 комерцијалисти кои работата сите восвоите сектори на квалитетна услуга и грижа за клиентите.
Тримакс располага со голем возен парк и соработува со неколку брзи пошти се со цел навремена и квалитетна достава на порачаните производи.

УПРАВА

Горан Димитров
Звонко Јанковски
Горан Горгиев

МАРКЕТИНГ

Анета Спасовска

КОМЕРЦИЈА

Атанас Поповски
Антонио Кралевски
Анета Спасовска
Ивана Анаќиоска   
Јелена Тасевска
 

СМЕТКОВОДСТВО 

Соња Пеновска

ДИСТРИБУЦИЈА

Драган Анаќиоски
Игор Величковски
 

КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР

Анита Милевска
Елизабета Анѓелова

ФИНАНСИИ

Звонко Јанковски

КНИЖАРНИЦИ УПРАВА

Розета Јанковска
Марија Димитрова

Книжарници продажба

Катарина Јанковска, Маја Алексоска, Марина Цимбуровска, Сања Урдаревиќ, Елена Какиевска, Сузaна Левајковска, Снежана Таневска, Драгица Станисавовска, Кристина К. Топчиќ, Маја Пешовска.

Политика за квалитет на друштвото

МИСИЈАТА на нашата компанија е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и соработници. Секојдневно работиме за да создадеме или донесеме нови производи и да ги подобриме услугите за нашите клиенти.
ВИЗИЈАТА на нашата компанија е сите деца и ученици да добијат квалитетно образование и да учат и растат со и во нашите книжарници.
ПРИНЦИПИТЕ на нашата компанија се темелат врз вредностите во кои веруваме и ги почитуваме: партнерство и соработка; нашите клиенти, нашите партнери и соработници се основа на нашето постоење и делување.
МОТО
  • Сигурен партнер во секојдневното работење
  • Вашата книжарница
  • Поблиску до вас
  • Нагледни средства во секојдневно образование
  • Ние го мапираме светот.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетна услуга и производ на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност нивните барања, потреби и очекувања.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува  и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системот за управување со квалитет, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се  обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги и производи.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ постојано ќе се стреми кон подобрување на своите дејности и услуги да бидат во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност во согласност со соодветните прописи и закони за заштита на здравјето и безбедност при работа.
 
Управител  Горан Димитров
Скопје, 03.01.2022  година

QUALITY POLICY STATEMENT
THE MISSION of our company is to meet the needs of our customers and associates. We work every day to create or bring new products and improve services for our customers.
THE VISION of our company is for all children and students to receive quality education and to learn and grow with and in our bookstores.
THE PRINCIPLES of our company are based on the values ​​we believe in and respect: partnership and cooperation; our clients, our partners and associates are the basis of our existence and action.
MOTO
• Reliable partner in everyday work
• Your bookstore
• Closer to you
• Teaching aids in everyday education
• We map the world.
 
TRIMAKS DOO SKOPJE declares that the main goal of the management and the entire staff is to provide a quality service and product to its customers that meets all the normative requirements and is in accordance with their requirements, needs and expectations.
·TRIMAKS DOO SKOPJE will continuously monitor the level of satisfaction of the clients and will study and fulfill their recommendations, 
requests and complaints in order to use them to improve the services and products offered.
·TRIMAKS DOO SKOPJE takes care of long-term and quality cooperation with all interested parties.
·TRIMAKS DOO SKOPJE will take care of the continuous training and education of the employees as the main leverage of the Quality 
Management System.
·TRIMAKS DOO SKOPJE will support the Quality Management System in accordance with the requirements of the international standards ISO 9001: 
2015
·TRIMAKS DOO SKOPJE is committed to identifying internal and external issues and expectations, as well as the risks and opportunities for 
continuous improvement of the quality of the services and products offered
·TRIMAKS DOO SKOPJE will strive to identify and eliminate all risks and disadvantages that can lead to loss of customer confidence and reduced 
profits.
·TRIMAKS DOO SKOPJE applies a process period to the creation and maintenance of the Quality Management System and for that purpose performs 
identification, planning, introduction, control and continuous improvement of all processes that have an impact on the quality of all services 
and products.
·TRIMAKS DOO SKOPJE guarantees to its client’s correctness and maximum fulfillment of the undertaken commitments
·TRIMAKS DOO SKOPJE is committed to meeting the requirements of the legal regulations in the area of ​​protection of the working and the 
environment, as well as keeping the resources and investments in the best possible way.
·ТRIMAKS DOO SKOPJE is committed to identifying all aspects of the environment that are coming or can be reached and placing under control 
the significant aspects of the environment.
·TRIMAKS DOO SKOPJE will constantly strive to improve its activities and services in accordance with the environment, by consistently 
respecting the laws, regulations and standards.
·TRIMAKS DOO SKOPJE will make every effort to preserve the health and safety of all stakeholders in business activities.
·TRIMAKS DOO SKOPJE is obligated to perform all activities in accordance with the relevant regulations and laws for protection of 
health and safety at work.
 
CEO Goran Dimitrov
Skopje, 03.01.2022

Кариера со Тримакс

Тримакс постојано е во потрага по креативни и талентирани млади луѓе. Иако во моментот немаме отворено конкурс за работни позиции имаме потреба од надополнување на нашата база на потенцијални вработени.

Поради тоа секој што е заинтересиран за работа во нашите продажни места – книжарници во Скопје, може да ни испрати свое CV на следниот е-меил: rozetajankovska@trimaks.mk

Сертификати и овластувања